×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово се одржа Меѓународен фолклорен фестивал на пензионерите

    16.05.2024 19:41 | Оливера Пешевска

    Здружение на пензионери Куманово, по втор пат го организираше Меѓународниот фоклорен фестивал на кој учествуваа културно-уметнички друштва од Македонија, Србија и Бугарија. 

    Во Куманово се одржа Меѓународен фолклорен фестивал на пензионерите

    Ревијалниот фолклорен фестивал се одржа во салата на Центарот за култура, со гости од Зајечар, Мајданпек, Лесковац и Врање, Р. Србија, Перник и Софија од Бугарија, како и фолклорни друштва на здруженијата од Кочани, Штип, Македонска Каменица, Крива Паланка и Куманово, и претставници на здруженијата на Демир Капија, Валандово и Неготино.

    „Ваквите настани претставуваат врв на пензионерското органзирање. Ова прекрасна пензионерска средба е за негување на фолклорот, нашето народно творештво, токму фолклорот е една синтеза на песни, ора, музика, носии, накит итн. Настанот има многу големо значење затоа што ќе значи прикажување на култури од нашата земја и од земјите на гостите- учесници, а тоа всушност значи поврзување, приближување и покажување на различностите кои на некој начин и ги зближуваат народите“, изјави Станка Трајкова – претседателка на Сојуз на здруженија на пензионери на Македонија.

    Намерата е ваквата манифестација да прерасне во традиционална и да се прошири соработката со повеќе градови во земјава и регионот. Сметаат дека ова е пример како една граѓанска организација треба да работи.

    „Организицијата не претставуваше посебно оптеретување, бидејќи имав голема помош од соорганизаторите кои помагаа. Се одлучивме, по размислување во подолг временски период, дека само на овој начин ќе ги приближиме и добрососедските и човечките односи, пред се“, истакна Ристо Бошков, претседател на Здружение на пезнионери Куманово.

    Кумановското здружение е единствено и по својата театарска група, спроведува и учествува и на спорстки настани. Во последно време зајакнуваат социјално- хуманите акции на локалното здружение.