×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово поставени 15 контејнери за текстилен отпад

    07.07.2025 12:56 | KumanovoNews

    На 15 локации во Куманово се поставени контејнери за одлагање на текстилен отпад. 

    Во Куманово поставени 15 контејнери за текстилен отпад

    Специјалните контејнери се наоѓаат во дворовите на градинаките, на основните училишта и на уште неколку локации, каде што ќе бидат заштитени од уништување и празнење од несовесни граѓани. Контејнерите ги поставува фирмата "Еко текс“, која е колективен постапувач за селекција на отпад во договор со Општина Куманово.

    „Станува забор за високо квалитетни садови, не попусто се ставени во дворовите на образовните институции затоа што едукацијата почнува од тука, и сметам дека со ова ќе се стекне навика кај населенито непотребните текстилни производи да ги фрлаат овде, а не на јавни површини или да ги палат. Апелирам до населението да не ги уништува садовите и да ги користи што повеќе“, кажа директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Ненад Стојановски.

    Претседателката на Совет Ивана Ѓорѓиевска, очекува поставување на контејнерите да даде резултати и да се зголеми свеста кај граѓаните, а да се намали сметот на јавните површни во градот.

    Вакви контејнери се поставени во повеќе општини и компании за текстил, и на годишно ниво во државата се собираат 400 тони текстилен отпад. 

    „Од 2024 година до сега „Еко текст“ има склучено 14 договори со општини кои се покажаа како општествено одговорни. Со законот се врши третман на текстилни производи што значи чаршави, завеси, килим и гардероба, целта е што помалку одлагање на текстилен отпад во депониите, туку да се преработува. Ние имаме договор со регистрирани компании за транспорт, третман и рециклирање. 90 отсто од собраните матерјали се рециклираат, она што е неквалитетен и мешан отпад се употребува како енергенс за затоплување“, вели претставникот на фирмата Фируз Мемед.

    Фирмата „Еко текс“ има обврска да ги празни контејнерите, а доколку се отстапи од договор на двете страни имаат право да ја прекинат соработката.

    Досега, во собирање на текстилен отпад предничи општината Арачиново, а потоа како мала општина во Зрновци.