×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово ставен во функција системот „Земи бројче“ за вадење на лични документи

    14.03.2024 12:46 | Оливера Пешевска

    Во управните служби во Куманово од денеска е ставен во функција системот „Земи бројче“ за вадење на лични документи. 

    Во Куманово ставен во функција системот „Земи бројче“ за вадење на лични документи

     Како пилот проект почнува од Куманово поради големиот број на граѓани, по околу 500 дневно кои доаѓаат да  извадат лични документи. На промоцијата на новиот проект денеска дојдоа министерот за внатрешни Панче Тошковски и заменик министер за информатичко општество Стефан Андоновски. Тие очекуваат дека ќе се воспостави ред во однос на приемот на странки за фотографирање и издавање на лични документи.

    „Денес е прв ден како е пуштен во употреба овој пилот – проект и тоа што можев да го видам е дека беше културно, граѓаните си зимаат ливче и упатуваат кон шалтерот, нема гужви , нема хаос. Мислам дека принципот „прв дојден, прв услужен“ како процес е хаотичен, кога имате 2,1 милиони документи кои треба да се издададт на тесно грло наречено МВР. Она кое ние сега можеме да го направиме како решение, на еден достоинствен начин во рамки на систем да пробаме да го регулираме овој процес и ќе сториме се што можеме за да граѓаните си ги обезбедат личните документи“, истакна министерот Тошковски.

    На новинарско прашање кој ќе има приоритет во редот, оној што извадил бројче или лицата кои успеале да закажат термин преку телефонските линии или по електронски пат, министерот за информатичко објасни дека тоа се граѓаните со закажаните термини.

    „Системот прво ги препознава граѓаните кои се јавиле и телефонски имаат закажано и секогаш во нивниот термин тие први доаѓаат на слободниот шалтер, а по нив доаѓаат граѓаните кои што закажуваат на лице место, односно кои што земаат бројче. Така што оние кои имаат закажано термин не се принудени да земаат бројче“, објасни дополнителниот заменик министер во МИОА Стефан Андоновски.

    Надлежните во наредниот период ќе се обидат да спроведат прочистување на листите од закажани термини- во моментов се работат на неделно ниво, но можеби ќе се прават и ден за ден, за да на термините на оние граѓани кои веќе имаат завршено со вадење на нови лични документи се повикаат и бидат фотографирани оние кои се евидентирани во системот како закажани термини. Според податоците кои ги имаат во министерството бројката на термини на граѓани кои се закажани или треба да се закажат на веб страницата е нешто помалку од 300 илјади.

    „Дигитализацијата на процесите го олеснува животот на граѓаните. Затоа е многу важно истата да се случува во сите институции и сите услуги. Дигиталната трансформација ќе значи брзи, точни, навремени и евтини услуги, намалено време на чекање и задоволни граѓани“, посочи Андоновски.

    Проектот е по предлог и идеа на Министерството за информатичко општество и администрација, и Ташковски потенцираше дека е  значајно што и друга институција дава придонес за да процесот се направи подоинствен и поправичен за граѓаните.