×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово три нови случаи на коронавирус, вкупно 20 заразени

    28.03.2020 13:47 | KumanovoNews

     Во изминатите 24 часа регистрирани се 22 нови случаи на коронавирус во земјата, соопшти Министерството за здравство.

    Во Куманово три нови случаи на коронавирус, вкупно 20 заразени

    По градови: Скопје (9), Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), Битола (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 241 лице.

    Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

    - Скопје- 143

    - Дебар – 45 од кои 2 починати

    - Куманово – 20 од кои 1 починат

    - Штип - 8

    - Прилеп - 8

    - Тетово- 4

    - Охрид- 3

    - Велес - 3

    - Струга – 3 од кои 1 починат

    - Кавадарци - 2

    - Гостивар - 1

    - Битола – 1

     Од Министерството соопштуваат дека утрово почина една пациентка на 66 годишна возраст од околината на Струга. Таа и нејзиниот сопруг се дијагностицирани позитивни на коронавирус во текот на вчерашниот ден. Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.

    Според епидемилошката анкета, семејството на починатата жена непосредно пред прогласувањето на кризната состојба во Дебар (13 Март) биле на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори, а по сознанието дека и тој е позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација.

    Откако се јавиле првите симптоми кај починатата, таа на 24 март закажала тестирање на коронавирус преку својот матичен лекар. Материјал за тестирање е земен на 26 март, а резултатите пристигнале во текот на вчерашниот ден.

    Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во Охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не е примена во болница.

    Заради ова, Министерството најавува целосно ревизија на случајот за да се утврди дали има лекарски пропуст во овој случај.

    Во текот на вчерашниот ден направено е тестрирање на персоналот на Клинката за кардиологија, сите тестови се негативни на Ковид-19.