×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово тројца новозаболени и 8 оздравени, во Липково двајца новозаболени, еден починат и 15 оздравени

    16.06.2020 11:43 | KumanovoNews

    Во изминатото деноноќие во Центарот за јавно здравје  во Куманово,  регистрирани се петмина новозаболени од коронавирус.

    Во Куманово тројца новозаболени и 8 оздравени, во Липково двајца новозаболени, еден починат и 15 оздравени

    Од нив, тројца се во Куманоов, а двајца во Липковско. Почина пациент на 68 годишна возраст од с.Матејче. Направени се 50 тестирања на територијата на целата Општина Куманово.

    Во последните 24 часа регистрирани се 134 нови случаи на КОВИД-19, направени се 1173 тестирања во државата. По градови:  Скопје 97, Куманово 5, Прилеп 1, Тетово 11, Струга 3, Велес 1, Битола 1,Кавадарци 1, Крушево 2, Валандово 1, Кратово 1, Кичево 2, Ресен 7 и Неготино 1.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје, пациент (68) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76) хоспитализирана на 7 јуни.

    Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (77) примен на 6 јуни и пациентка (77) хоспитализирана во болницата на 10 јуни. На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово (68).

    Во КБ Тетово починати се две лица на 13 јуни, пациент (67) и пациентка при прием (71). Позитивни резултати на ковид-19 на двајцата пациенти се потврдени постмортем.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 34 оздравени пациенти од: Скопје 6, Куманово 23, Прилеп 2, Тетово 1 и Велес 2.

    Досега во земјата се направени вкупно 45.054 тестирање на КОВИД -19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 95 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, не се регистрирани позитивни резултати на ковид-19.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4289, бројката на оздравени пациенти е 1757, на починати е 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2331.