Во Куманово утринава се прскаше против комарци
01.07.2025 12:50
| KumanovoNews
Во раните утрински часови се спроведе авионско прскање против возрасна форма на комарци на територијата на општина Куманово.

Третманот се изврши на површина од 1.270 хектари, по течението на реките Кумановка, Липковка, Којнарка, месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев, Тоде Мендол, централно градско подрачје и прочистителна станица JП „Водовод“ - с.Добрашане.
„При извршување на третманот се користи препаратот Aqua K-Othrine 2 EW“, соопшти Општина Куманово.