×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово во првата недела на јануари регистрирани 55 случаи на грип

    10.01.2025 14:57 | KumanovoNews

    Во Куманово се регистрирани 55 случаи на грип и заболувања слични на грип во првата недела од 2025 година, според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

    Во Куманово во првата недела на јануари регистрирани 55 случаи на грип

    Во државата има вкупно 331 инфициранио пациенти, што е зголемување од 47 проценти во однос на последната недела од декември.  

    Прагот на инциденцата на сезонското заболување од 26 случаи на 100 илјади жители се уште не е надминат, што значи дека државата се уште не е влезена во сезона на грип. Но се забележува пораст на бројот на заболени, во октомври имало 195 случаи на заболувања од грип, додека само во првата недела од јануари тој број е речиси дуплиран.

    Најчесто заболени се граѓани на возраст од 15 до 64 години, но вирусот најбрзо се шири кај децата на возраст од 5 до 14 години.  

    Во лабораториите пациентите се тестрираат на Инфлуенца, САРС Ков 2 и респираторен синцицијален вирус, а тестовите покажале дека ниту едно лице не е заболено од ковид вирусот.

    „Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, кој сè уште е под неделната граница за сезонска активност. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има спорадична активност на вирусот на грип во текот на изминатите 14 недели на надзор. Согласно овие податоци, Р.С. Македонија има низок интензитет на вирусот на грип“, стои во извештајот на ИЈЗ.  

    Здравствените работници препорачуваат вакцинација за ризичните групи- лица постари од 65 години, деца од 6 до 59 месечна возраст, лица со хронични болести, бремени жени и здравствени работници. Од почетокот на вакцинација на 21 октомври 2024 година, заклучно со 5 јануари од годинава на национално ниво вакцинирани се повеќе од 70 илјади лица, а биле потрошени и 1.900 комерцијални вакцини, наменети за лица кои не спаѓаат во т.н ризични групи.