01. 10. 2020 10:07

Во Куманово за еден ден казнети 172 возачи: 28 возеле без дозвола уште толку со нерегистрирани возила

Во Куманово за еден ден казнети 172 возачи: 28 возеле без дозвола уште толку со нерегистрирани возила

Во сообраќајна контрола што вчера МВР ја спроведе во Куманово казнети се 172 возачи.  

- Изречени се вкупно 172 санкции, меѓу кои, 28 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 28 за возење без возачка дозвола, санкционирани се 26 мотоциклисти, а изречени се и 17 санкции за неносење заштитна маска, соопштува МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.  Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk