Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Според лекарите причина за овие заболувања најчесто се вируси и бактерии, загадена храна и вода и нечисти раце. За да се размножуваат бактериите допринесува топлото време и високите температури.
На Инфективното одделение во Кумановската болница, зголемен е бројот на пациенти на сите возрасти, кои бараат помош поради цревни заразни заболувања. Според лекарите причина за овие заболувања најчесто се вируси и бактерии, загадена храна и вода и нечисти раце. За да се размножуваат бактериите допринесува топлото време и високите температури.
Пациентите се со клиничка слика на повраќање, дијареа, зголемена телесна температура и доаѓаат во дехидрирана состојба. Најчесто со средно-тешка клиничка слика,а поретко со потешка клиничка слика за која е потребно и болничко лекување.Пациентите се жалат на болки во стомакот кои се поврзани со заболувањето, а се јавуваат како резултат на бактериските причинители или пак нивните токсини. Терапијата е воглавно симптоматска, а потешките клинички случаи ги рехидрираме со инфузиона терапија или болнички ги третираме- вели примариус д-р Сунчица Јосифова од Одделението за инфективни болести.
За да се избегнат ваквите заболувања лекарите препорачуваат, граѓаните да внимаваат на својата хигиена, да пијат многу течности, да консумираат термички обработена и лесна храна, која ќе ја чуваат на соодветна температура во фрижидер. Доколку забележат било какви симптоми треба задолжително да се јават на својот матичен лекар и на Инфективното одделение и да не се лекуваат на своја рака.
Секоја година во летниот период се зголемува бројот на заболени, бидејќи постојат околу 250 различни заболувања кои се предизвикани или се пренесуваат со неисправна храна.