Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Општата болница во Куманово фалат најмалку 20 лекари специјалисти за да се подобри квалитетот на здравствени услуги на пациентите во Североисточниот регион. Со постоечкиот стручен кадар не може да се одговори на потребите на повеќе од 200 000 жители, бидејќи лекарите покрај од кумановскиот регион секојдневно го опслужуваат и населението од кривапаланко и кратовско.
Кумановската болница има проблем со осипување на вработените од сите одделенија. Немаме ниту еден ортопед, има само по еден психијатар и уролог, четворица педијатри и шестмина интернисти, а за ваква болница тоа е малку – вели директорот Ариф Љатифи.
Гинеколошко-акушерското одделение во Куманово работи со само осум лекари специјалисти, кои вршат 1700 породувања годишно, плус потребните оперативни зафати.
На оваа одделение имаме три одделенија: породилното, акушерското и дневна болница во која се прават киретежи и останатите интервенции. Овие оддделенија го покриваат кумановскиот, кратовскиот и кривопаланечкиот регион. Засега имаме само 8 гиниколози и 3 специјализанти, што претставува многу мал број на стручен кадар во оваа област, знаејќи го фактот дека бројот на патолошките бремености е зголемен, а одделенијата треба да работат 24 часа- вели др.Нисо Тасев,началник на гинеколошко-акушерската одделение.
Најголем дел од лекарите заминуваат во приватни амбуланти или одат на специјализација, така да во моментот на оделот се неопходни уште двајца лекари за да можат целодневните дежурства да се паѓаат на секој пети ден, бидејќи станува збор за напорна и одговорна работа.
Покрај операциите, постојаните консултативни прегледи прилично не оптоваруваат и ни одзимаат голем дел од работното време, но во интерес на пациентките отворени сме за соработка. Ние ги работиме сите видови на операции од гинеколошки аспект, освен инвазивните карциноми кои бараат специјални услови за нивно отстранување, па пациентките се упатуваат до Радиолошкиот институт во Скопје - вели Тасев.
Само последнава година од болницата си заминале десетина специјалисти, а до 2014 треба да се пензионираат уште 12 лица. За поквалитетни здравствени услуги на граѓаните, кумановската болница во најскоро време треба да вработи најмалку уште 20 лекари.