Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Општата болница во Куманово во тек е огласот за вработување на 28 специјализанти.
Директорот на ЈЗУ Општа Болница Куманово м-р Сашо Стошевски вели дека со тоа ќе се зајакне кадровската екипираност од областа на педијатрија, гинекологија, кардиологија, офтамологија, урологија, психијатрија, ортопедија, хирургија, интерна медицина, детматовенерологија, пулмологија и оториноларигологија.
„Со вработување на специјализантите ќе решиме еден дел од проблемите со кадровата екипираност на стручниот кадар. Се разбира дека со овие 28 вработување не ги решаваме сите потреби од недостаток на кадри во болницата но се надевам дека во брзо време ќе имаме и вработување на среден медицински персонал, медицински сестри, болничари и помошно технички персонал кои ни се потребни за нормално одвивање на процесот на 24 часовна здравствена заштита“, смета директорот Стошевски.
По повод Светскиот ден на здравјето, тој на граѓаните и на здравствени работници им посака пред се добро здравје, но побара од колегите поголема посветеност и ефикасност во своето работење.
„Ние како ЈЗУ секогаш стоиме на располагање на граѓаните, 24 часа во неделата, 365 дена во годината. Работиме врз начелата на достапност, рационалност, ефикасност и континуираност на здравствената заштита. Нашата единствена цел е навремена, брза и ефикасна здравствена заштита на населението. Обично секогаш сакаме да кажеме дека за се е системот крив, меѓутоа сите ние сме дел од системот, и здравствените работници и пациентите , затоа на овој ден еден апел, ајде сите заедно да се обидеме да го подобриме системот со нашиот однос кон здравствениот работник и односот на здравствениот работник кон пациентите. Да се обидеме сите заедно да го подобриме здравствениот систем“, вели Стошевски.