×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во кумановските училишта се запишани 970 првачиња, 110 помалку од лани

    02.09.2024 17:01 | Оливера Пешевска

    Во прво одделение во основните општински училишта во Куманово се запишани 970 дечиња.

    Во кумановските училишта се запишани 970 првачиња, 110 помалку од лани

    Тоа e се за 110 деца помалку во однос на минатата година, а вкупно 538 од 1.508 ученици кои се родени во 2018 година, според податоците на Министерството за внатрешни работи.

    „Ако ја споредиме учебната 2024/2025 со минатата година бројот на новозапишани е намален, дури 110 ученици помалку од минатата учебна година. Но, лани имавме пораст на бројот на запишани ученици во споредба со останатите општина на територијата на Македонија“, истакна Александар Јовановиќ, раководител на Сектор за образование, на приемот на првачиња во ОУ „Кочо Рацин“ во Куманово.

    Поради тоа што нема запишано ниту еден нов ученик, подрачното училиште на „Кочо Рацин“ во селото Габреш од ова година ќе се затвори. Тоа е дел од планот за оптимизмација на образовниот процес на Министерството за образование и наука (МОН).

    Денеска започна новата учебна година за  245 илјади основци и средношколци во државата.