02. 06. 2020 11:18

Во летниот период добиточниот пазар ќе работи во среда и сабота

Во летниот период добиточниот пазар ќе работи во среда и сабота

Пазарниот ден на добиточниот пазар во селото Долно Којнаре, за време на летниот и зимскиот распуст, покрај во сабота ќе работи и во среда.

Оваа одлука, како што информираат од ЈП „Пазаришта“ во Куманово е донесена по барање на производителите и одгледувачите на домашни животни.

„Веќе поголем временски период производителите и одгледувачите на домашни животни бараат работниот ден да се премести од сабота за во среда, од причина што исти или слични добиточни пазари се организираат во други градови коишто се наоѓаат во близина. Ова прашање долго време се разгледуваше, поради тоа што се создаваат проблеми кога учениците одат во училиштето кое е лоцирано во тој дел на градот. Меѓутоа за време на летниот распуст и за време на зимскиот распуст постои простор да им се излезе во пресрет на овие категории на граѓани“, вели Душица Сеизовска-Јовановиќ, правен советник во ЈП „Пазаришта“ во Куманово.

Пазарот ќе работи од 7 до 12 часот, а во попладневните часови ќе биде извршено дезинфекција на истиот.

По завршување на летниот период, од септември пазарот ќе продолжи да функионира само во сабота.

(Ф.Марковска)

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk