×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Нагоричане пуштени во употреба пат и игралиште

    13.11.2014 15:11 | KumanovoNews

    Жителите на општината Старо Нагоричане добија нов пат и спортско игралиште.

    Во Нагоричане пуштени во употреба пат и игралиште

     На свеченото пуштање присуствуваше и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која ја пресече лентата со градоначалникот Милован Стојковски.

    Се работи за пат долг 1,3 км кој ги поврзува центарот на селото Младо Нагоричане и маалото Черкезовци. Патот е изграден со 8,5 милиони денари, пари од Светска банка. Вториот проект е повеќенаменско спортско игралиште во основното училиште “Христијан Т.Карпош“ во село Драгоманце. Изградено е со 8,5 милиони денари пари од Агенцијата за млади и спорт и ќе им користи на стотина ученици.

    “Ова се проекти од програмата на Владата на Република Македонија кои произлегоа од реалните потреби и барања на граѓаните. Токму затоа направивме напор, да ја заокружиме финансиската конструкција за патот преку проектот за кој е обезбедено финансирање преку Светската банка. Спортот не е и не треба да биде ексклузивитет само на големите урбани центри, туку подеднаква можност треба да му се пружи на секого без разлика каде живее“ - вели Јанкулоска.

    Градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Милован Стојковски, додаде дека со овој проект, учениците имаат соодветни спортски терени, а во Младо Нагоричане уште ќе инвестираат во инфраструктурата.

    “Проектот е од 2011, но дојде до реализација во 2014 година. Младо Нагоричане е едно од понаселените места во општината со 1200 жители, со околу 36 маала. Ќе гледаме во таа насока да го цивилизираме опкружувањето. Младо Нагоричане има територија од 6-7 км, така што полека работиме,  имаме 9 проекти за патишта од кои има и за Младо Нагоричане“ - кажа Стојковски.

    Овие два проекти се пуштени во употреба во чест на Денот на     општина Старо Нагоричане.