Во населбите Карпош и Ајдучка Чешма нема вода
05.04.2013 08:22
| KumanovoNews
Вода за пиење утрово немаат жителите на четири улици во Куманово.

Водоснабдувањето поради дефекти е прекинато на улиците “160“ и “33“ во населба Карпош, “322“ во Ајдучка Чешма и во центарот на градот на улица “Гоце Делчев“.
Од ЈП“Водовод“ велат дека за неколку часа снабдувањето со вода ќе се нормализира.
Други прекини утрово во водоснабдувањето не се регистрирани.