Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Kако во старите кафулиња во Париз, во „Никкас кафе“, посетителите можат да уживаат во најквалитетни топли и ладни напитоци по многу поволни цени.
Од неодамна во Куманово работи нова кафетерија, единствена по својата понуда во градот. Во “Никкас кафе“ на едно место може да се најде широк избор на кафиња, чаеви, сладолед, бели пецива, палачинки и пијалоци за бодибилдери.
Идејата за отварање на ваков локал, сопственичката Сузана Хернандес ја добила откако не успејала никаде во градот да пронајде и да купи кафе за носење, услуга која е многу распространета и вообичаена во западноевропските градови.
Пред две години имав големи обврски низ градот и сакав да си купам топол пијалок, но немав време да седнам некаде. Беше многу студено, барав по градот, имаше кафе во пластични чаши топло, но тоа не е здраво. Така се роди идеја да отвориме кафетерија каде ќе има понуда со кафе за носење. Почнавме да работиме на тоа, да истражуваме и еве го финалниот производ. Ваквата услуга функционира во странските земји каде има разновидни кафиња и се трудиме тоа да го донесеме во Куманово - вели Хернандес.
Таа објаснува дека во „Никкас“ нудат исклучиво познати и признаени брендови на топли напитоци по многу поволни цени за потрошувачите што секако е голема предност и ги прави поразлични од другите.
Користиме италијанско кафе „портиоли“. Имаме голем асортиман на кафиња од капучина, фрапучина, макијата, мокачина, топли, ладни. Смути кое во градот на друго место го нема. Тоа е освежителен пијалок во кој главна компонента е мразот, се користи овошје. Имаме милкшејкови кои се природни. Секоја сабота правиме палачинки, имаме бели пецива, пијалоци за бодибилдери. Сакавме ентериерот да изгледа рустикално, старовремски, како старите кафулиња во Париз. Во тоа вложиме многу енергија, посветивме внимание на детали, да изгледа убаво - додава Хернандес.
„Никкас“ работи неколку месеци и е лоциран на улица „Доне Божинов“ бр.18 А во центарот на градот, кај продавницата Пеко. Тие можат да се пофалат со пријатен амбиент, добра услуга и понуда за сечиј вкус.