Мени

Во ОИК Куманово нема приговори за изборите

12.12.2016 13:48 | KumanovoNews

Гласањето во општина Куманово помина без проблеми или нерегуларности, информира претседателот на Општинската изборна комисија, Ненад Саздовски.

 
Во ОИК Куманово нема приговори за изборите

„До Општинската изборна комисија до сега нема пристигнато ниту еден приговор од партиите. Гласањето вчера помина мирно и без инциденти, -вели Саздовски.

Вчера во Куманово беше регистрирано задоцнување од 15 минути при отварањето на едно гласачко место, како и фотографирање на гласачко ливче.