Во Опае и Костурник дефекти во електродистрибутивна мрежа
05.02.2016 10:14
| KumanovoNews
Во селата Опае и Костурник утрово се регистрирани ситни дефекти во електродистрибутивната мрежа.

Од ЕВН Македонија велат дека домаќинствата во овие две села немаат фаза и екипи на компанијата работат на санирање на дефектот. Други дефекти и планирани исклучувања на територија на општините Куманово и Липково денеска нема.