×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Општината фали дневен престој за учениците со посебни потреби

    04.12.2012 16:34 | KumanovoNews

    Дефектолози кои работат со учениците со посебни потреби, денеска побараа од надлежните институции во државата да создадат услови за отворање на продолжен престој во училиштата за оваа категорија на деца.

    Во Општината фали дневен престој за учениците со посебни потреби

    На денешната трибина истакнато дека од напрените анкети, од 50 деца со посебни потреби во градот, две третини живеат во семејства со примања до 10.000 денари. Едниот од родителите е невработен, бидејќи мора да се грижи за детето.

    Проектот е замислен како детска куќа. Децата имаат исти права на образование како и другите деца. Имаат право на посебни ресурси. Основна цел е да се олесни совладувањето на задачите,пишувањето на домашните задачи, да се исполни слободното време. Родителите нема да има потреба да ангажираат трето лице за нивното дете, туку ќе бараат работа - рече Елена Марковска, дефектолог.

    Директорката на ОУ“Браќа Миладиновци“, Марина Манојловска објасни дека се направени четири тимови во рамки на училиштето и е утврдено дека со сума до 15.000 евра објектот на училиштето ќе се прошири, но треба согласност за нови вработувања.

    Општеството треба да сфати дека овие деца живеат до нас и со нас. Тој престој треба да биде со храна, внимание, и посебен воспитно - образовен систем. Се надевам дека во учебната 2013 - 2014 година ќе имаме успех тоа да го реализираме. Ќе ни требаат средства од владин или невладин сектор. Патот е трнлив, но верувајте ќе успееме - изјави Манојловска.

    Миле Стојменовиќ од секторот за образование во Општина Куманово објасни дека со писмо Министерството за образование се оградило од можноста за нови вработувања.

    Први сте во Републиката со ваква идеја која патува кон остварување. А зошто да не бидеме први кога сме најголема општина во државата. Работата со вакви лица нема да биде лесна, потребна е мрежа. При формирање на вакво нешто нема импровизација - категоричен е Ивица Благојевиќ, психолог.

    Баба на дете со посебни потреби пред присутните на трибината рече дека претседателот на државата, Владата, и министерствата за образование, здравство и труд и социјална политика треба да водат грижа за оваа категорија на луѓе.