Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во липковското село Оризаре вчера беше презентирана ИПАРД програмата.
Средбата меѓу земјоделците и претставниците од Министерството за земјоделство ја организираше здружението “Агрокултура“ од Липково. Од страна на претставници од Министерството беше истакнато дека за последниот повик кој беше затворен на 15 септември, за оваа програма има пристигнато околу 2 000 барања, кои во моментот во процес на обработка, Се очекува во февруари 2016 година да бидат потпишани првите договори од овој повик,
Премногу долго се чека за процедурата на одобрување и комплетирање на документација од страна на администрацијата и затоа земјоделците се разочаруваат од таа долга процедура и се помалку се пријавуваат за искористување на средствата од ИПАРД програмата и субвенциите - рече Сефедин Мурсел, земјоделец.
Следниот повик за ИПАРД треба да биде објавен при крајот на идната година.