Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во понеделник претпладне ќе се прска против крлежи на зелените јавни површини во градот. Акцијата има за цел да ги уништи инсектите, а истовремено и да спречи појава ширење заразни болести.
Хемиските третмани ќе се изведуваат во раните утрински часови. Операцијата ќе биде изведена во две фази, односно два последователни третмани, со меѓу период од две седмици, зависно од временските прилики-информираат од Општината.
Сите третирани зелени површини ќе бидат видно одбележани.Но им се препорачува на граѓаните да не престојуваат на третираните површини,ниту да ги пуштаат своите домашни миленици, особено во период непосредно по извршениот третман.
Дезинсекција на крлежи ќе се изврши на Градскиот кеј, парковите и Плоштадот.