×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во првата недела од февруари 206 заболени од грип

    10.02.2016 09:38 | KumanovoNews

    Центарот за јавно здравје Куманово во првата недела од февруари, регистрирал 206 лица заболени од грип во градот.

    Во првата недела од февруари 206 заболени од грип

    Најголем дел од нив се возрасни лица на возраст од 15 до 64 години и тоа 138 заболени. До 4 години  има 28 заболени, од 5 до 14 години се евидентирани 29 заболени, а со 65 и повеќе години има 11 заболени.

    Кај заболените од грип се јавува малаксаност, болка во мускулите, покачена температура, гребење во грлото и други симптоми. Како превентива треба да се избегнува престој на места каде има поголема фреквенција на луѓе, да се одржува хигиена, да се затоплуваат и проветруваат просториите, да се пијат топли напитоци, да се носи топла облека и слично.