×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во „Развигорче“ одбележан Денот на здрава храна

    16.10.2015 11:41 | KumanovoNews

    Во објектот “Развигорче“ при градинката “Ангел Шајче“ денеска беше одбележан Светскиот ден на здрава храна. 

    Во „Развигорче“ одбележан Денот на здрава храна

    По препорака од Министерството за труд и социјална политика на овој ден се организира одбележување на Национален ден на здрава храна во јавните установи низ државата. Децата цртаа здрава храна, учеа кои се деловите на растението, по што се разликува овошјето од зеленчукот, како треба здраво да се храниме и слично. 

    За таа цел подготвено е и упатство од страна на Министерството , за здрава храна кое ќе го промовираме сега и во кое се дадени активности и совети за правилно запознавање, подготовка и конзумирање на здрава храна. Со децата од големата група и со гостите ќе излеземе да ја набљудуваме зеленчуковата, органска градина. Децата ќе соберат плодови, ќе направат и ќе јадат салата - изјави Ленче Алексовска, одговорен воспитувач во !„Развигорче“. 

    Сите активности во „Развигорче“ денеска поминаа во знакот на здравата храна.