Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Градскиот плоштад во Куманово во сабота по седми пат ќе се одржи традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија„.Просторот пред споменикот на Батко Ѓорѓија ќе биде адаптиран за оваа намена, а учесниците своето дефиле ќе го започнат од пред училиштето „Крсте Мисирков„.
Ќе се движат по булеватот „Трета МУБ„,улиците „Илинденска„ и „Гоце Делчев„ до Градскиот плоштад. Се очекува оваа година да има околу 2500 учесници и неколку илјади граѓани кои ќе го следат настанот.
Седум години е доволен временски период оваа манифестација да се подобро организацијата. Најмногу учесници ќе имаме од основните и средните училиштата и деца од градинките. На манифестацијата ќе учествуваат девет културно уметнички друштва, невладини организации, поединци и оние кои ќе имаат желба да бидат дел од под друѓењето под маски.И оваа година како и минатата ќе има гости од струмичкиот карневал -вели Жика Крстевски, раководител на Секторот за култура и јавни установи.
Сите заинтересирани граѓани кои што сакаат да учествуваат на оваа манифестација можат да се пријават во локалната самоуправа во Секторот за култура или на телефон 438-616. Најуспешните маски ќе бидат наградени во категорија на градинките, основните и средните училишта,најиновативна маска, групна маска и гранд при маска.
Организаторот на Маскенбалот е локалната самоуправа. Почеток е закажан во 11 часот.