×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во септември уписи во музичкото училиште

    09.08.2013 12:11 | KumanovoNews

    Музичкото училиште “Панче Пешев“ во септември ќе продолжи со запишува ученици за новата учебна годуна.

    Во септември уписи во музичкото училиште

    Првиот рок заврши во месец мај. Учениците можат да се запишат во групите за пијано, виолина, кларинет, хармоника, гитара, труба и пеење.

    Во учебната 2012/2013 година имавме 23 паралелки, а за учебната 2013/2014 година планирано е по новата програма да имаме 25 паралелки со што вкупниот број на ученици ќе биде до 300. Ќе се соочуваме со недостиг на простор, кабинети бидејќи бројката на ученици расте, но ќе се координираме за да функционираме правилно  и да наставата се одвива редовно - вели директорката Ивана Андоновска Свилар.

    Децата кои ќе се запишат во прво одделение ќе изучуваат солфеж и теорија на музика, а по полагање на завршен испит ќе се одлучат за изучување на некој од инструментите во следните одделенија.