×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Старо Нагоричане легализирани првите дивоградби

    04.05.2011 14:13 | KumanovoNews

     Во општината Старо Нагоричане денеска беа доделени првите 2 решенија за легализација на бесправно изградени објекти согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Се работи за легализација на викендица и деловен објект. 

    Во Старо Нагоричане легализирани првите дивоградби

    Решенијата ги издаде Комисијата која работи на легализација, а ги додели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.

    „Со овој закон Владата на РМ им овозможивме на граѓаните во период од шест месеци да почнат постапка за легализација и да добијат документи за своите објекти. Досега во Општината се пристигнати над 30 барања за легализација на објекти кои се комплетирани и Комисијата и Општинската администрација ги решава според роковите кои се зададени. Голем дел од нив ја завршија постапката, дел се во фаза на завршување, се дадоа сите можни рокови што беа потребни, се упростија сите процедури и граѓаните можат да си ги легализираат објектите и да си добијат правен статус за нив- вели градоначалникот Јовановиќ.

        Од општината ги повикуваат сите правни и физички лица кои имаат објекти без правен основ да поднесат Барања најдоцна до септември.