×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во тек е поднесувањето на годишна даночна пријава

    21.01.2016 11:35 | KumanovoNews

     Во Управата за јавни приходи во тек е поднесувањето на годишна даночна пријава и пријавување на приходи.

    Во тек е поднесувањето на годишна даночна пријава

    „Задолжително поднесете годишна даночна пријава (образец ПДД-ГДП) најдоцна до 15-ти март 2016 година, доколку во измината 2015 година, сте оствариле дополнителни приходи, односно освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, сте оствариле и приходи од: кирии (издавање на имот - закуп или подзакуп), авторски права, индустриска сопственост, исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од награднa игрa во износ поголем од 5.000 денари, приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни, лични примања од странство и други дополнителни приходи, надвор од вашата редовна плата или пензија“- стои во соопштението од УЈП.

    Пополнетата годишна даночна пријава можете да ја поднесете во најблиската даночна канцеларија на УЈП или преку пошта.