Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ , организатор и координатор на изложбата “Скулптурите на новото време 2015“, ги повикуваат академските склуптори да се пријават за учество.
“За учество потребно е да пријавите едно неизложувано дело по ваш избор, со димензии не поголеми од 60х60х60 cm, изработено од цврст материјал, погоден за транспорт, по можност од најновиот период неизложувано.
Периодот на собирање на делата е од 6 до 16 јули 2015 година. Изложбата ќе се отвори во НУ Центар за култура Куманово на 30 јули 2015 година во 20 часот“ - велат од Центарот за култура.
Во текот на месецот септември делата ќе бидат вратени на авторите.