Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во тек се уписите во школата за странски јазици “Лингва плус“ за изучување на англиски, француски, италијански, германски и турски јазик.
Изучувањето англсики јазик е организирано според програмата на Британски совет и Охсфорд Универзитет за сите возрасти, почнувајќи од деца, тинејџери, средношколци и возрасни. Тие нудат редовни курсеви за возрасни од 1 до 8 степен, интензивни комуникациски курсеви, за професионални намени, специјализиран деловен англиски, подготовка за полагање меѓународен јазик за диплома за најмалите, кои ги совладуваат првите чекори и стекнуваат основа за понатамошно изучување на јазикот.
Наставата се одвива на интересен начин со карти, постери, сликовници и игра. За другите јазици имаме курсеви за деца и возрасни од 1 до 8 степен, а ново е германски јазик за професионални намени. Времетраењето на редовен курс за возрасни е четири месеци, односно 64 наставни часа. Наставата се одвива два пати неделно во два блок часа од по 90 минути. Термините и интензитетот на часовите се прилагодени според потребите на кандидатите. Цените се мошне поволни, 4000 денари за 4 месеци, или 1000 денари за месец. Ако се плати наеднаш се добива 10 отсто попуст - велат од “Лингва плус“.
Детските и тинејџерските курсеви траат цела училишна година, а наставата се изведува 2 пати неделно во блок часови по 90 минути. На барање на учениците може да се изведуваат часови само во сабота, по 4 часа наеднаш, со една пауза.
Цената на овие курсеви е 650 денари месечно за ученици од основни училишта и 800 ден месечно за ученици од средните училишта. За плаќање наеднаш за цела година има попуст од 10 %.
Наставата ја изведуваат професори со повеќегодишно искуство кои на современ и забавен начин овозможуваат изучување, усовршување и примена на странските јазици во секојдневниот живот и работата. Групите се мали со што наставата е максимално ефективна. Часовите се изведуваат во најсовремено опремени училници, во стимулативна средина и според најнови методи - додаваа од училиштето.
Цените се поволни, плаќањето е на рати, има семеен попуст - трет член гратис. За редовните ученици италијански јазик е гратис. Ново од оваа учебна година е викенд креативни работилници.
Ова е наменето за учениците од прво до петто одделение и се работи по програма која опфаќа изучување на англиски јазик во комбинација со работилници за уметничко творештво (традиционални и нетрадиционални техники - цртање со прсти, восок, со дување на меурчиња од сапуница, на забавен начин ги учат особините на различни уметнички материјали: глина, тесто, сол, хартија, учат да работат со можици, четки, моливи како и да ги користат во својата работа).
Терминот за посетување на настава во сабота е од 10 - 13 часот со пауза за ужинка ( пециво + сок ) која е обезбедена од школото.
“Лингва плус“ во центар можете да ги најдете на две локации: во зградата на поранешен Комитет, 3- т и кат и на булевар “Трета МУБ“, спроти Рим - Париз и во населбата Перо Чичо, спроти Амбуланта или на тел.( 031) 411-333 ; 070/535-855.
(комерцијален текст)