Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во основните училишта “Браќа Миладиновци“ и “Кочо Рацин“ и „Битолски конгрес„ во селото Опае, денеска се спроведува пробно екстерно тестирање.
Се работи за општообразовен тест, кој не е насочен по еден предмет. Тестирањето започна во 9.30 часот и ќе трае еден час. Опфатени се ученици од 4 до 8 одделение. Утре во истиот термин ќе има тестирање. Имаме набљудувачи од Министерство за информатичко општество и од Биро за развој на образование. Ќе има резултати, ќе се види колку децата постигнале - вели Драгиша Цветковиќ, директор на ОУ “Кочо Рацин“.
И во ОУ“Браќа Миладиновци“ тече пробното екстерно тестирање со кое се опфатени 600 ученици.
Дел од училиштата веќе имаат пробно екстерно тестирање, а во дел допрва ќе се организира.