×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во вчерашните пожари изгореа куќи, амбар, плевна, жито...

    18.07.2025 15:37 | KumanovoNews

    Голема матерјална штета предизвикаа пожарите, кои вчера беснееа на територијата на општините Куманово и Старо Нагоричане. 

    Во вчерашните пожари изгореа куќи, амбар, плевна, жито...

     Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) огнената стихија, зафати куќи, помошни простории, житни култури, лозја, бандери, сено, слама...

    Во с. Стрновац било зафатено околу 70 хектари површина на запалено стрниште, житни култури, лојзе, сува трева, стара куќа и 1 плевна. Во с. Младо Нагоричане на м.в. „Св. Петка“ има опожарено околу 15 хектари на  сува трева ,стрниште, помошен објект со 900 бали сено, слама, една стара куќа и дрвени бандери. Во нас. Карпош на ул.150 опожарена е бандера и куќа, а во Агино село и Табановце интервенирано е на запалена сува трева и стрништа.

    Од МВР потврдуваат дека е направена голема матерјална штета на граѓаните.

    „Околу 16.40 часот настанал пожар во с. Стрновац, општина Старо Нагоричане, во кој била опожарена плевна, амбар со жито и приколка од трактор, сопственост Љ.К.. Во 16.20 часот во с.Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, во близина на црквата „Св.Петка“, настанал пожар во кој биле опожарени четири бандери на ЕВН Македонија, електричен кабел и помошна просторија за која не била утврдена сопственоста. Исто така, во 18.00 часот во близина на с.Четирце настанал пожар во кој била опожарена нива со четири декари овес, сопственост на З.А.“, соопшти МВР. 

    Во гаснењето учествувале пожарникарите од  Старо  Нагоричане и Куманово, како и мештани со трактори кои помагнале пожарите да се изгаснат и да не се прошират.

    Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) вчера кажаа дека причина за пожарот на повеќе локации во Кумановско е од искрење на жици.  И од ТППЕ Старо Нагоричане како причина за пожарите наведуваат спој на електрични жици.