Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во јавното претпријатие “Водовод Куманово“ минатиот месец се направени смени во службите за книговодство, технички сектор и одделот за наплата и набавка.
Според директорот на “Водовод“ Виктор Божиновски, вработените кои покажале слаби резултати се ротирани на други работни позиции, се со цел да се подобри работата на претпријатието и услугата која граѓаните ја добиваат.
Иако има само месец дена и рано е да се зборува, сепак се гледа подобрување. Доколку и во други служби се утврдат неправилности нормално е дека ќе има смени- тврди Божиновски.
Во последниве 5,5 години, откако Божиновски е прв човек на претпријатието ова е прва смена на кадар. Божиновски објаснува дека оваа смена нема никаква врска со претходните случаи, кога беше утврдено дека некои вработени работеле неодговорно и ја злоупотребиле службената положба.