Во воз на Табановце фатени илегални мигранти
05.02.2016 13:49
| KumanovoNews
Во воз на железничкиот граничен премин Табановце, по полноќ се фатени Алжирци кои илегално влегле во земјава.

Во меѓународниот воз бр.334 кој сообраќал на релација Скопје-Белград во 45 минути по полноќ, се затекнати 4 мигранти од Алжир кои илегално влегле во Македонија. Тие се приведени и во 3 часот се предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка.