×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во вторник ќе нема настава во училиштата

    15.01.2015 12:40 | KumanovoNews

    Во вторник ќе нема настава во училиштата, бидејќи почнува штрајкот на просветните работници.

    Во вторник ќе нема настава во училиштата

    Наставниците ќе бидат на своите работни места, но нема да одржуваат часови.

    “Родителите сами нека одлучат дали децата ќе дојдат на училиште или не, меѓутоа часови нема да има. Исто и во градинките нема да има прием на деца, тоа ќе биде класичен штрајк. Штрајкот до кога ќе трае никој не знае и не зависи од нас, но ние сакаме што побргу да се решaт нашите барања. Ние смe подготвени да најдеме решение кое ќе биде прифатливо за нас и за другата страна“ - рече Селајдин Дестани, претседател на Регионален просветен синдикат.

    Дестани вели дека платите на неговите колеги не се зголемени од 2009 година. Просветните работници бараат 25 отсто покачување, укинување на казните за наставниците и намалување на административниот дел од  работата.