Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во библиотеката на основното училиште „Вук Караџиќ“ денеска беше одбележан Месецот на книгата.
На прославата учествуваа и децата од „Наим Фрашери“ и од градинката “Славејче“. Учениците од овие две училишта имаа можност да рецитираат творби на македонски и на албански јазик, со што манифестацијата доби мултиетнички карактер.
На крајот учениците настапија со заедничка песна напишана на македонски и на албански јазик. Оваа манифестација ја проследија и наставници и родители од двете етнички заедници.
Учениците по повод Месецот на книгата, оваа учебна година имаа можност да творат на неколку теми и да земат учество на литературни конкурси: од Фондацијата „Никола Кљусев“, од градската библиотека „Тане Георгиевски“, од „Друштвото на писатели“ од Куманово и детскиот литературен фестивал „Ракатки“. Некои учениците се веќе наградени, а од некои конкурси сè уште очекуваме резултати - вели Николче Јакимовски, професор по македонски јазик во “Вук Караџиќ“.
На прославата децата имаа можност да ги покажат своите творечки способности. Месецот на книгата трае од 15 октомври до 15 ноември.