Вода нема на пет улици
11.04.2013 07:53
| KumanovoNews
Вода немаат станарите од пет улици, лоцирани во центарот на градот и во приградските населби.

Без вода утрово се граѓаните од улиците “Правда Спасовска“, “Поток Серава“, “Михајло Пупин“ во населба Перо Чичо, “425“ во населба Иго Тричковиќ и “14“ во населба Јане Сандански. На овие локации снабдувањето со вода е прекинато заради дефекти во водоводната мрежа.
Од ЈП“Водовод“ велат дека веќе се на терен и работат на санирање на дефектите.