×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Водата запрена на вентил на Водостопанство

    19.03.2012 15:51 | KumanovoNews

     Истрагата што ја спровела полицијата, заради намалениот дотурот на вода во Филтер станицата во петокот, покажала дека делумно е сопрен вентилот во м.в. „Калиштак„ што е во надлежност на Водостопанство „Кумановско-липковско поле„.

    Водата запрена на вентил на Водостопанство

    Поради тоа од ЈП „Водовод„ денеска го обвинија раководството на Водостопанство дека манипулира со водоснабувањето во градот.

    По наше барање заедничка комисија од наши и нивни вработени, како и претставници на МВР излезе на терен и изврши увид по целиот доводен вод од акумулациите Глажња и Липково до Филтер станицата. При тоа констатираше дека во шахтата „Калишник„ што е во сопственост на Водостопанство, шиберот е притворен. Во присуство на сите членови на комисијата шиберот е одвртен и повторно се врати старата количина на вода. Со ова еднаш засекогаш докажавме дека со запирањето на водата манипулира Водостопанство, бидејќи само нивни вработени имаат таму пристап- вели директорот на ЈП „Водовод„ Виктор Божиновски.

    Од Водостопанство пак ги отфрлаат обвинувањата и тврдат дека тие не ја сопреле водата, туку се правдаат дека тоа можел да го стори било кој, дури и некој ЈП „Вододвод„ затоа што шахтите на доводот не биле заштитени.

     Никој од Водостопанство нема издадено наредба, а најмалку јас, водата да биде запрена. Ако има потреба од намалување на дотур на вода тоа ќе се стори по законски пат, со одлука од одборот на корисници на вода. За тоа ќе бидат известени и надлежните институции. Полицијата нека поведе постапка и ако утврди кој ја затворал водата, нека го најде сторителот и нека го казни- вели Филип Филиповски директорот на Водостопанство.

    Проблемот со дотурот на водата се актуелизираше во петокот, кога во Филтер станицата наместо 170 л/с, почнаа да стигаат 110 литри. Тогаш беше направен итен состанок на двете скарани претпријатија на кој присуствуваше градоначалникот и началникот на полицијата.

    Од петок попладне повторно е зголемениот дотур на 170 литри во секунда и моментално се задоволуваат потребите на граѓаните.