Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ЈП „Водовод„ наскоро ќе овозможи граѓаните заостанатиот долг да го исплаќаат на рати, а ќе ја намали и цената за приклучок на вода.
Менаџментот на претпријатието ќе ги воведе овие новини за да им помогне на граѓаните да се одлободат од старите долгови, а истовремено и да подобри финасиската состојба на претпријатието.
Сите граѓани кои сакаат да го прифатат овој начин на раздолжување, ќе треба да се пријават во нашето претпријатие од 1 март до 1 јуни. Во зависност од висината на долгот ќе се одреди износот и бројот на рати. Износот нема да биде понизок од 300 денари, а повисока од 500 денари. На овој начин сакаме да им помогнеме на граѓаните, да не одиме на суд и да праќаме извршители, туку на обострано задоволство да го решиме проблемот - вели директорот Горан Стојковски.
Долгот на граѓаните кон водовод изнесува одколу 1,5 милион евра, а заедно со правните субјекти, од кои дел се и пропаднатите фабрики, тој изнесува 3,5 милиони евра.
Покрај пониската цената на приклучокот за вода Водовод ќе ги намали и цените на другите услуги што ги нуди на граѓаните.