×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Водовод“ ќе врши попис на водомери

    23.09.2013 11:19 | KumanovoNews

     Од ЈП “Водовод“ најавуваат дека во наредните три месеци ќе направат попис на водомерите во семјствата и фирмите во градот.

    “Водовод“ ќе врши попис на водомери

    Во акцијата ќе бидат вклучени петнаесетина екипи, кои ќе го посетат секој регистриран водокорисник за да извршат увид дали водомерот е во функција или не.

    Планираме да преземеме акција за попис на сите водомери кои се на територија на Општина Куманово и со кои стопанисува ЈП “Водовод“. Се работи за обемна и сложена операција, бидејќи располагаме со над 30.000 водомери од кои 28.100 на физички и 2.470 на правни лица. Иако се работи за временски период кој не ни одговара бидејќи настапува есен и зимски период, ние планираме оваа акција да ја реализираме успешно - вели Драган Јаневиќ, заменик директор во ЈП“Водовод“.

    Тој додава дека за да се направи успешен попис потребна е соработка со корисниците.

    Тие треба да ни овозможат пристап до нивните шахти, за да можат екипите кога ќе дојдат на терен да завршат нормално. Во наредниот период од два до три месеци ќе овозможиме да ја согледаме вистинската состојба на водомерите. Тоа ќе го потврдиме со фотографирање, со дигитални фото апарати на самата состојба и тоа ќе ни овозможи со детална анализа да видиме каква е реалната состојба и онаа што е пренесена од страна на нашите читачи - додава Јаневиќ.

    Пописот ќе почне во почетокот на следниот месец, а прво ќе има пилот попис за да се согледаат недостатоците.

    Први со пописот ќе бидат опфатени индивидуалните куќи, додека во зима кога временските услови ќе бидат полоши ќе бидат сликани водомерите во станбените згради.

    Против оние што го прекршиле законот ќе следуваат санкции.