Волци задавиле 14 овци во трло во Романовце
16.10.2012 14:06
| KumanovoNews
Волци задавиле 14 овци во трлото на семејството Митковски во кумановското село Романовце.
Крволочните животни влегле во дворот во текот на ноќта без никој да ги забележи, и ги задавиле овците.
Брат ми кога тргнал на работа ги нашол овците расфрлани во дворот и трлото. Во моите 35 години ова првпат се случува волци да дојдат во центарот на селото и да удават овци во трло. Причинета е матерјална штета над 1500 евра, бидејќи се работи за овци кои требаше наскоро да се ојагнат- вели сопственикот Оливер Митковски.
Жителите на селото се жалат дека често во полето гледаат волци како се шетаат, а имало случаи кога им ги напаѓале и кучињата.