Волонтери од Црвен Крст на камп во Велес
10.07.2013 08:10
| KumanovoNews
Волонтери од Црвен Крст Кумановo вчера и денеска учествуваат на традиционален камп во Велес.
Овој камп е со цел да се подобри соработката на младите волонтери од општинските организации на ниво на Република Македонија, зголемување на бројот на нови волонтери и мотивација на истите. Поканети се 20 општински организации од Велес - вели Сања Голубовска од Црвен Крст Куманово.
Кампот го организира Црвен Крст од Велес.