Волонтерите тргнаа со велосипед кон Зебарњак
Волонтери од Црвен крст, претпладнево тргнаа со велосипед од салата Соколана кон Зебарњак.

Со рекреативното возење волонтерите ќе го одбележат денешниот ден 8 Мај - Денот на Црвениот Крст и Црвената полумесечина. Во акцијата се вклучија 15 волонтери, кои на велосипед ќе поминат 12 км.
- Волонтерите ќе се дружат, ќе го покажат својот спортски дух и заедно ќе поминеме еден убав ден. На младите сакаме да им покажеме дека не е се во интернет, фејсбук, дискотеките, дека и на друг начин можат да се забавуваат, спортуваат, а со тоа да ја заштитиме нашата животна средина - вели Филип Кузмановски, волонтер.
Волонтерите велат дека честопати практикуваат да возат велосипед и на сите останати им препорачуваат почесто да се дружат со велоспедот.
- Одам до Старо Нагоричане, Зебарњак, Проевце, Градски кеј. Барем 3 пати во месецот возам на подалечна релација. Тоа е здраво, добро за кондиција и енергија - рече Душица Панчевска, волонтер.
На акцијата се приклучија и неколку граѓани кои дознале дека ќе има рекреативно возење со велосипед.