Вонредна летна крводарителска акција
12.08.2014 10:09
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во четврток ќе се одржи вонредна летна крводарителска акција во организација на Црвен Крст Куманово.

Заинтересираните ќе можат крв да даруваат од 9 до 15 часот. Сите кои ќе се вклучат во акцијата во недела ќе патуваат во Дојран. Ова е последна вонредна летна акција за ова лето и се очекува да бидат собрани над 60 единици крв.