Вонредна седница на Советот на Општина Куманово за помош на настраданите во Драч
27.11.2019 15:14
| KumanovoNews
Советот на Општина Куманово, утре ќе одржи вонредна седница, на која ќе расправа за исплата на парични средства од Буџетот на Општина Куманово со намена - хуманитарна помош за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Општина Драч - Република Албанија.

Општина Куманово е збратимена со Општина Драч од 2003 година.
Седницата е со почеток во 10 часот, во салата на Комитет.