×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вонредната состојба не ги органичува правата и слободите на граѓаните, рече Спасовски

    19.03.2020 12:23 | KumanovoNews

    Вонредната состојба не значи дека ќе замре животот на граѓаните, сите функции на државата ќе продолжат да се остваруваат и во овие услови, а правата и слободите на граѓаните не се ограничуваат по автоматизам, рече на денешната прес-конференција техничкиот премиер Оливер  Спасовски.

    Вонредната состојба не ги органичува правата и слободите на граѓаните, рече Спасовски

    Претседателот на Владата, Спасовски, вели дека оваа мерка не значи престанување на нормалото функционирање на животот на граѓаните, туку можност да се помогне во заштита на јавното здравје, како и да се обезбеди одржливост на работата на компаниите и сочувување на работните места на граѓаните.

    - Вонредната состојба којашто е сега трае 30 дена, со можност да се продолжи уште 30. Не значи дека ќе замре животот на граѓаните, сите функции на државата ќе продолжат да се остваруваат и во овие услови, а правата и слободите на граѓаните не се ограничуваат по автоматизам. Вонредната состојба не значи никаков застој во слободниот транспорт ниту во делот на прехрамбените потреби на граѓаните, ниту во потребите на медицинските амбуланти и аптеки за снабдување со лековите. Денес сѐ продолжува да функционира во секојдневниот живот исто како и вчера,- додава Спасовски.

    На прес-конференцијата се обрати и минстерката за правда Десковска, која рече дека постои уставна можност за ограничување на слободите и правата на човекот и граѓанинот за време на вонредната состојба, доколку постои таква потреба. Но, како што вели таа, ниедно ограничување не смее да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба.

    Како што беше соопштено засега нема нови рестрикции во движењето и извршувањето на професионалните обврски на граѓаните, остануваат на сила мерките кои претходно ги донесе Владата.

    Воедно, претседателот Спасовски, апелираше до повозрасната категорија на граѓани да не ги напуштаат своите домови, а доколку имаат потреба да се обратат до волонтерите коишто ги овозможуваат Општините или пак до Црвениот Крст.