Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Р.А.(22), А.А.(21), Н.А.(20) и А.А.(17) од Куманово и К.Р.(17) од с.Долно Свиларе, Скопје, одзеле 5000 денари од касата на бензинската пумпа Лукоил на локалниот пат Куманово -Романовце.
Кражбата се случила вчера во 05.40 часот кога двајца од пријавените со фантомки на главите влегле во објектот и едниот извадил пиштол кој го репетирал и вперил во М.И.(28) од Куманово. При тоа му наредиле на вработениот да му ги даде парите или ќе пукаат. Откако ги одзеле парите избегале во непознат правец.
Неколку часа пред грабежот, насилниците отишле на бензинската пумпа “Лук Оил“ и наполниле гориво во нивното возило, при што влегле внатре во бензинската, ја платиле сметката и заминале во објектот „Калабрија“ лоциран спроти бензинската пумпа, с.Романовце, а инаку сопственот на А.Ф. татко на тројца од пријавените.
Вработените го пријавиле нападот кумановската полиција и по превзермените мерки крадците се фатени. Извршен е претрес во домовите на пријавените и во објектот „Калабрија“, при што се пронајдени одземените пари и облеката што ја носеле за време на извршување на разбојништвото.
Истражен судија на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Првите тројца од пријавените се познати сторители на кривични дела за што СВР Куманово им има поднесувано кривични пријави и тоа: на првопријавениот за разбојништва, напад на службено лице при вршење работи на безбедноста и тешки кражби, на А.А. за убиство во обид и на Н.А. за предизвикување општа опасност, тешка кражба и кражба.