Вооружен грабеж на пумпата “Лук Оил“
        09.04.2015 11:51
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Маскиран разбојник вооружен со пиштол, утрово во 4 часот ја ограбил бензинската пумпа “Лук Оил“ на автопатот Куманово-Скопје.
                  Разбојникот со закана со пиштол од двајцата вработени одзел 7500 денари, по што веднаш избегал од местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



