×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Воспоставен линиски превоз во Старо Нагоричане

    15.08.2014 08:22 | KumanovoNews

    Четири компании за превоз на патници ќе ги возат жителите на општината Старо Нагоричане

    Воспоставен линиски превоз во Старо Нагоричане

    По пауза од една година повторно е воспоставен линискиот превоз од Куманово кон селата во козјачието. Превозот ќе вршат компаниите  „Јоцо-Турс„, „Штуз„, „Нико-М„ и Стевани-Бенс„.

    Автобусите на „Јоцо-турс„ ќе сообраќаат на две линии: Куманово - Никуљане - Старо Нагоричане - бања Стрновац и Куманово - Старо Нагоричане - Челопек - Татариновац. „Нико-М„  ја доби линијата: Куманово - Старо Нагоричане - Кокино - Арбанашко - Дејловце, превозникот „Стевани- Бенс„ ќе вози на релацијата Куманово - Војник - Бајловце и компанијата „Штуз„ од Куманово - Довезенце.

      Конечно е нормализиран линискиот превоз во општината. Во меѓувреме луѓето се снаоѓаа, со сопствен превоз стигнува до Куманово. Решен е проблемот и со село Бајловце, бидејќи досега немаше никаков превоз,- велат од општина Старо Нагоричане.

    За меѓуградскиот превоз договор потпишаа градоначалниците на Куманово и Старо Нагоричане.