Воведено електронско плаќање на радиодифузна такса
        22.04.2015 15:20
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Отсега граѓаните ќе можат електронски да ја платат радиодифузната такса преку онлајн услуга на Управата за јавни приходи, е-радиодифузна такса.
                  Електронското плаќањето се врши со предходна бесплатна регистрација на е-радиодифузна такса. Плаќање на радиодифузна такса за физичките лица е овозможено со платежните картички виза, маестро и мастеркард издадени од домашна банка. Покрај електронското плаќање на оваа давачка електронски може да се направи и увид во евиденцијата и преглед на платени и неплатени решенија за РДТ.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



