×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Возачи вежбаа укажување прва помош

    10.10.2013 11:58 | KumanovoNews

     СВР Куманово и Црвен Крст денеска на Градскиот плоштад организираа акција за укажување на прва помош на повредени пешаци.

    Возачи вежбаа укажување прва помош

    Полицијата по случаен избор запираше автомобили, а возачите имаа задача да покажат како се снаоѓаат во исценирана сообраќајна несреќа и да помогнат на повредено лице.

    Им беше дадена повреда и доколку знаат треба сами да ја санираат, а доколку не ние ќе им помогнеме. Оваа акција се прави неколку години по ред. Возачите веднаш прифаќаат и обично знаат да укажат прва помош бидејќи имаат поминато обука - вели Магдалена Бошковска, волонтер во Црвен Крст.

    Оваа активност е дел од акцијата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ која се спроведува веќе два месеци. Ученици ќе им поделат флаери на возачите за да внимаваат на децата како учесници во сообраќајот посебно покрај училиштата.

    Уште еднаш апел до граѓаните и јакнење на свеста дека прва помош е морална, законска обврска за безбедност во патниот сообраќај. Доколку се случи сообраќајна незгода да се укаже прва помош затоа што во даден момент многу зависи од неа. Праксата покажува дека кога ќе наидат на такво нешто само сакаат да видат што се случува и да избегаат, а не да повикаат помош - изјави Виолета Богдановска од одделот за превенција во СВР Куманово.

    Возачите кои покажаа како се укажува прва помош симболично добија пенкало со логото на проектот. Организаторите на настанот потенцираа дека неукажувањето прва помош на повреден во сообраќајна несреќа е казниво.